Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште помалку од еден месец за пријавување за отпис на долгови

Уште помалку од еден месец за пријавување за отпис на долгови
На 13 октомври истекува крајниот рок за пријавување на граѓаните од социјално ранливите категории кои сакаат да побараат отпис на долгови. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, интересот за оваа мерка е голем. Отпис на долговите досега побарале вкупно 30.000 граѓани, а на ден стигнувале меѓу 1.500 до 2.000 барања поднесени преку Центрите за социјална работа низ Македонија. „Очекувам во втората половина на октомври, по завршување на рокот, да ги издадеме првите решенија. Апелирам до граѓаните да не го чекаат последниот рок, да ги посетат центрите за социјална работа и што е можно поскоро да ја искористат оваа мерка на Владата“, вели Ставрески. Најмногу барања има во Скопје - над 8.800, во Куманово - повеќе од 4.000, во Прилеп, Тетово, Гостивар и Струмица по - 2.500 апликации. Належните сугерираат во барањата граѓаните прецизно да ја наведуваат категоријата на која припаѓаат и за каков долг бараат отпис. Нецелосно пополнетите апликации се враќаат за корекција. Целата постапка за отпис на долговите треба да заврши до ноември. Уште нема точна бројка, но се проценува дека меѓу 50 и 100 илјади граѓани ќе ја искористат оваа мерка.  
Слично

Поврзани вести