Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ПОБОГАТИ- Расте куповната моќ во оваа земја…

УШТЕ ПОБОГАТИ- Расте куповната моќ во оваа земја…

Куповната моќ на Австријците пораснала.

Минатата година секој Австриец имал 277 евра повеќе во однос на претходната година или вкупно 20.646 евра.

Ако се земе во обзир инфлацијата тоа е за 9 евра месечно повеќе, покажува анализата на „RegioData" за куповна моќ.

Во споредба со другите европски земји, Австрија од 6 паднала на 8 место, а неа ја претекнаа Данска и Исланд.

На самиот врв е Швајцарија, која поради зајакнувањето на франкот се позиционираше пред Луксембург.

Просечната куповна моќ на Швајцарците е 39.000 евра, а на жителите на Луксембург е  33.000 евра.

Од покраините во Австрија, прва е Салцбург со куповна моќ од 21.378 евра.

Во Виена граѓаните имале куповна моќ од 20.908 евра, а тоа значи дека кај нив состојбата е иста како лани.

Слично

Поврзани вести