Уште пет лица во случајот „Ќелија“ ја признаа вината
Уште пет лица осомничени во случајот „Ќелија“ денеска ја признаа вината.
Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи судскиот процес за „Ќелија“ во кој се обвинети петмина за учество во странска војска. Пред две недели одбраната побара дополнителен увид во доказите за да се подготви за главната расправа.
Адвокатите на осомничените за кои судот ја издвои постапката, рекоа дека обвинението не ги задоволува основните стандарди за обвинение, особено имајќи го в предвид фактот дека ова е прв случај од ваков вид во државата.
Обвинителот во случајот, Владимир Милошевски, при презентирањето на обвинителниот акт истакна дека опфатените дејствија, кои ги сториле осомничените, започнале во октомври 2014 година.
Претходно, на јавна седница, шестмина обвинети го признаа делото и се спогодија за казните.
Судот задутре ќе ги изрече казните за обвинетите.
