Уште од вечерва се протестира против геј-парадата во Белград
Српското движење Двери организира протест во Белград вечерва против геј-парадата чие одржување е закажано за утре.
Организаторите на протестот порачуваат дека вечерва ќе ја чекаат одлуката на Бирото за координација на безбедносните служби, кое треба да одлучи дали утрешната Парада на гордоста конечно ќе се одржи.
Насобраните граѓани упатиле серија навреди на сметка на српскиот премиер Александар Вучиќ, како и навредливи песни за утрешната парада со порака дека „Хомосексуалците нема да шетаат низ градот“.
На собирот бил прикажан и рускиот филм „Содома“, кој според организаторите, укажува на „погубниот ефект од промоцијата на хомосексуалноста врз децата и семејните вредности.
„Овој собир треба да ги охрабри граѓаните на Србија јавно да го кажат својот став кој е мнозински - дека не треба да има геј парада“, вели претставникот на „Двери“ Владан Глишиќ.
Тој додава дека протестот „не е хомофобичен собир, туку акција против ЛГБТ активистите кои се обидуваат да воведат тотаитарна идеологија во училиштата и домовите и да предизвикаат ситуација во која семејните вредности веќе нема да бидат главни вредности во Србија“.
Според претставниците на оваа организација геј-парадата нема никаква врска со човековите права, туку, напротив, „претставува атак на повеќето граѓани и на традиционалните вредности“.
Слично
