Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште малку пари за субвенционирање на велосипеди

Уште малку пари за субвенционирање на велосипеди

Град Скопје ги информира граѓаните дека од објавениот Јавен повик на 21 април  до денеска се поднесени 2.860 барања за субвенции за купување велосипед, што говори за голем интерес на граѓаните за добивање средства за надоместок на дел од трошоците, информира Градот.

За субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди во буџетот на Град Скопје за 2018 година, се предвидени 10 милиони денари, од кои 9 милиони денари се предвидени за субвенции за велосипеди, додека еден милион денари за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност.

Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.


Слично

Поврзани вести