Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште колку палми останаа живи во Скопје?

Уште колку палми останаа живи во Скопје?

Само уште 18 палми се останати жови во Скопје, но Јавното обвинителство засега не обелоденува дали има конкретни резултати од истрагата што ја започна за несовесно трошење на јавни средства, објави Порталб.

Обвинителството досега ги нема идентификувано одговорните за овој проект. Од 138 палми, засадени пред две години на некои локации во Скопје, само 18 преживеале. Владата на ВМРО-ДПМНЕ потроши 500.000 евра за набавка на 1.100 насади наменети за низ цела Македонија. 

Во јануари овој случај е процесуиран во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои тогаш објавија дека ги собрале сите докази.

„Бидејќи случајот е под истрага, тие не можат да дадат детали", изјавиле од таму 

Случајот беше пријавен Обвинителството од страна на пензионерот М.Б., кој го иницираше обвинението за одговорност за несвесното перење пари. Тој оценил дека е неодговорно да се потрошат половина милион евра за палми кои не би преживеале на студот на Скопје.

Обвионението случајот го окарактеризира како „сериозни сомневања за злоупотреба на кривично дело на службената должност и овластениот орган во согласност со член 353, став 5, во согласност со став 4 и став 1 од Кривичниот законик". 



Слично

Поврзани вести