Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНО УДАВЕНО БЕБЕ ВО ГРЦИЈА: Пронајдено распаднато тело на дете бегалче на островот Кос

УШТЕ ЕДНО УДАВЕНО БЕБЕ ВО ГРЦИЈА: Пронајдено распаднато тело на дете бегалче на островот Кос

Телото на бебе е пронајдено денес на брегот на грчкиот остров Кос, каде бегалците доаѓаат од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Телото на бебе, кое е во поодмината фаза на распаѓање, е пронајдено на плажите кај еден од хотелите.

Се проценува дека бебето, облечно во зелени панталончиња и бела мајца, имало помеѓи шест и 12 месеци.

Грчките власти веруваат дека бебето е член на бегалско семејство кое се обидело да дојде до сотровот во мал чамец.

На островот Кос минатиот месец е најдено телото на тригодишниот Ајлан Курди од Сирија, кој е пронајден на турска плажа. Фотографијата од тоа детенце го шокираше светот. Најмалку 15 бебиња и деца се удавиле минатиот месец која поради силниот ветер се обрнал чамец на кој се наоѓале кај островот Фармакониси во Егејот.  
Слично

Поврзани вести