УШТЕ ЕДНО ДЕТЕ СЕ ЗАДУШИ ВО ГРЦИЈА: Јадело суфлаки
Дваесет месечно девојче се задушило синоќа во Грција додека јадело суфлаки, објави Б92.
Трагедијата се случила во Ираклион во вечерните часови.
Девојчето било со членовите на своето семејство во моментот на трагедијата, кои веднаш реагирале и го однеле детето во болница.
За жал, детето пристигнало предоцна.
Според гувернерот на овој регион на Крит, лекарите успеале да извадат парче сувлаки кое било заглавено во душникот на девојчето, но детето не покажувало знаци на живот. Лекарите се обидувале да го реанимираат детето повеќе од еден час, но без успех.
Во овој момент не е познато дали девојчето е странски државјанин или нејзините родители се Грци. Исто така, не е објавено дали трагедијата се случила додека семејството било дома или во ресторан.
