Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еднаш скокна цената на нафтата

Уште еднаш скокна цената на нафтата

Повторно скокна цената на нафтата и сега се тргува за 122 долари за барел. 

На лондонската берза цената за барел нафта се покачи за 6.35 долари во однос на претходниот ден, и чини 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше за 115 долари, односно 5,72 долари повеќе од вчера.  Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, тоест дека поскапел за 79 центи. Војната во Украина доведе до честа промена на цените на нафтата. Откако почна пандемијата, цените на нафтата осцилираа. 

Над една третина од возачите во Германија планираат помалку да возат поради скапите горива. 

Oва е наведено во студијата, која денеска ја објави британската компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци ЈуГов (YouGov).

Слично

Поврзани вести