Уште една земја воведува санкции за Русија
Нови санкции има за Русија. И Сингапур воведува санкции кон оваа земја.
Сингапур најави санкции против Русија, која вклучува четири банки и забранува извоз на електроника, компјутери и воена опрема, што е редок потег на азискиот финансиски центар како одговор на, како што рече, „опасниот преседан“ за Москва во Украина.
Ќе наметне контрола врз финансиите и ќе го таргетира работењето на одредени руски банки, ќе воведе ограничувања на трансакциите со криптовалути и ќе им забрани на финансиските институции да обезбедуваат услуги кои би можеле да и помогнат на централната банка на Русија.
Малиот град-држава, меѓународен финансиски центар, ретко сама наметнува санкции, но рече дека нема да дозволи извоз на предмети што би можеле да им наштетат или да ги потчинат Украинците или да и помогнат на Русија да изврши сајбер-напади.
Во соопштението на Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), чија членка е Сингапур, се бара прекин на огнот во украинската криза, но не се споменува улогата на Русија. ЕУ веќе воведе санкции.
И Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија.
Властите одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји. Ова денеска го најави канадската вицепремиерка Кристија Фриланд.Инаку, имаше и прогнози дека Русија може да банкротира.
foto freepik.com
