Уште една земја во светот го усвои биткоинот како легална валута
Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута.
Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и ја легализира употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, објави шефот на неговиот кабинет Обед Намсио.
Taa е втора држава по Ел Салвадор која се одлучува на ваков чекор. На 7 септември, Салвадор стана првата земја во светот која го усвои биткоинот. Но, таму имаше и одредени тензии откако се донесе оваа мерка. Има и други земји кои размислуваат дали да го воведат биткоинот како официјално средство за плаќање.foto freepik.com
Слично
