Уште една земја во регионот воведува полицискиот час
Јужниот сосед воведува полициски час за да го спречи ширењето на коронавирусот.
Тој ќе стапи на сила задутре.
Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе четири дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина.
Ќе биде дозволено излегување само поради работни обврски, од итни здравствени причини и за прошетка на домашно милениче, а за секоја од овие причини, потребна е соодветна потврда (за работа) или испратена смс порака.
Во Грција 909 луѓе починаа од коронавирусот.
Албанија и БиХ веќе воведоа полициски час.
Во Македонија засега нема да има карантин или полициски час.
Слично
