Уште една земја во регионот ги укина ковид мерките
И западниот сосед ги укина ковид мерките. Ноќните клубови повторно се отворени во Албанија, а забраната за емитување музика по 23 часот е укината. Укината е и обврската за носење маска, но на сила останува препораката за носење маска во затворени простории.
Албанија од денеска ги укинува ограничувањата кои беа воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. За влез во земјата од денеска не е потребен сертификат за вакцинација против коронавирус, негативен тест или потврда за прележан коронавирус, пишува „ABC News“.
Од денеска и во Грција и во Бугарија можеме да патуваме без ковид сертификат.
foto freepik.com
Слично
