Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една земја го призна Косово, реакции на социјалните мрежи

Уште една земја го призна Косово, реакции на социјалните мрежи

Сингапур ја призна независноста на Косово. 

Ова го пишува Independent Balkan News Agency, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи во Приштина.

Сингапур го призна Косово како суверена и независна држава, прв напиша на својот профил на Твитер косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.

„Да, признавањето од страна на Сингапур беше потврдено и имаме вербална нота“- кажа советникот на косовскиот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи преку порака на социјалните мрежи изрази честитки за одлуката на Сингапур, кој станува 113-тата земја што ја призна независноста на Косово. За признавањето имаше многу коментари на социјалните мрежи.

Неодамна српските политичари повторија дека сакаат да влезат во ЕУ, но независноста на Косово нема да ја признаат. 

Слично

Поврзани вести