Уште една земја доби дозвола од Иран за премин низ Ормутскиот теснец
Ирачката државна нафтена компанија (СОМО) ги информираше производителите на нафта дека сите терминали за товарење се оперативни и дека товарењето на нафта според договори може да се врши без ограничувања, откако Техеран официјално го ослободи Ирак од сите ограничувања за премин низ Ормутскиот теснец.
„Иран го вклучи Ирак на списокот на „пријателски“ земји чии бродови имаат право да минуваат низ теснецот, заедно со Кина, Русија, Индија и Пакистан“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за новинската агенција Тасним.
По дипломатска координација, Техеран додаде неколку земји од Југоисточна Азија на листата, вклучувајќи ги Малезија, Тајланд и Филипините, рече Аракчи, како што објави „Техеран тајмс“ во неделата вечерта. Ирак, од друга страна, е официјално ослободен од сите ограничувања за премин низ теснецот, објави иранскиот весник.
Иран ја презеде контролата врз Ормускиот теснец по нападите на САД и Израел, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.
Производителите побараа распореди за товарење на нафта.
Ирак е втор на ранг-листата на водечки производители во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и до почетокот на војната извезуваше 3,4 милиони барели нафта дневно. Минатиот месец, ирачкото производство падна на само околу 800.000 барели дневно, а нормализацијата на извозот треба да го стимулира неговото закрепнување, забележува Ројтерс.
Иранските власти постојано нагласуваат дека теснецот не е затворен и дека транзитот, во согласност со меѓународното право, е забранет само за „непријателски“ бродови.
foto printskrin youtube
