Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Риалот e на нов рекорден минимум. 

Иранската валута риал денеска забележа рекорден минимум и еден американски долар се тргува за 1,3 милиони риали. Иранската економија со години е под меѓународни санкции, посебно откако американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот прв мандат, во 2018 година ги повлече САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Според договорот потпишан во 2015 година се ограничија иранските резерви ураниум во замена за ублажување на санкциите. Тогаш еден долар чинеше околу 32.000 риали.

По враќањето на Трамп во Белата куќа, неговата администрација ја обнови кампањата „максимален притисок“ и ги прошири санкциите насочени кон финансискиот сектор и извозот на енергенси.

Во септември и Обединетите нации повторно воведоа санкции кон Иран поради нуклеарната програма.

foto iranchamber.com

Слично

Поврзани вести