Уште една трамвајска несреќа се случи во Сараево, има повредени
Повторно се случи трамвајска несреќа во Сараево во Босна и Херцеговина(БиХ). Во средата навечер трамвај се судри со два автомобила, при што повредени се двајца. Полицијата го уапсила возачот на трамвајот бидејќи не поседувал дозвола.
„Возачот на трамвајот Н.К. првин беше тестиран на присуство на алкохол во организмот и резултатот беше негативен. Потоа беше тестиран на присуство на опојни дроги, при што беше утврдено дека е позитивен на недозволени супстанции,“ соопшти полицијата, најавувајќи дека поради тоа ќе следува прекршочна пријава против возачот, но и против одговорното лице во градското сообраќајно претпријатие ГРАС.
Дополнително се истражува како Н.К. воопшто можел да управува со трамвај кога му истекла дозволата, како што самиот им признал на полицајците.
Пред една недела, имаше несреќа со трамвај кој излета од шините при што загина еден млад човек, а девојка беше тешко повредена и ја загуби ногата. Младите во Сараево протестираа и бараа одговорност.foto printskrin youtube
