УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА: Тело на девојче исплива на плажа
Телото на девојчето беше пронајдено на плажа во населба во близина на Атина во саботата навечер.
Случајот го пријавил во полиција 33-годишен маж кој рекол дека телото на детето, на возраст од околу две години, било исфрлено на брегот на плажата Еден во Палео Фалиро.
Според јавниот радиодифузен сервис ЕРТ, единицата за итни интервенции била прва што пристигнала на местото на настанот.
Девојчето со брза помош било однесено во Детската болница „Света Софија“, каде што била прогласена за мртва.
Телото се идентификува.
Еуроњуз
Слично
