Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Брод потона во Егејското Море, загинаа 12 мигранти

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Брод потона во Егејското Море, загинаа 12 мигранти

Најмалку 12 лица загинаа, а уште неколку се водат за исчезнати при потонување на брод во Егејското Море на пат од Турција кон Грција.

Инцидентот со брод кој превезувал околу 50 мигранти, се случил по напуштањето на западното турско одморалиште Фоча во регионот на Измир и на пат за грчкиот остров Лезбос.

28 лица беа спасени, а други десетина уште се водат за исчезнати, објавија локалните медиуми.

Турција, во која побарале азил над 2,2 милиони луѓе, се претвори во центар за мигранти кои сакаат да стигнат до Европа. Многу од нив им плаќаат на шверцери илјадници долари за ризичното патување.

Во ноември Анкара постигна договор со ЕУ за запирање на протокот на бегалци кон Европа во замена за финансиска помош.

Парите се уште не се добиени во Анкара, а утре претстои средба меѓу Германија и Турција на ниво на клучни министри, на која ќе биде разгледана миграциската криза. Предвидени се разговори меѓу турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германскиот канцелар Ангела Меркел.

Слично

Поврзани вести