Уште една рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија
Уште една рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија, се одржаа вчера во Скопје, врз основа на договорот постигнат од страна на двата министри за надворешни работи на 24 јуни лани.
Министерство за надворешни работи на Грција, соопшти дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера. Темите за кои се разговарало се соработка меѓу двете министерства, билатералниот дијалог за прашања поврзани со енергија, миграција, соработка во рамките на ИПА 2, Програмите ТАИЕКС, здравство, култура, економија, јавна администрација, образование и цивилна заштита.
Следната рунда разговори за мерките за градење доверба ќе се одржат во јуни во Атина.
Слично
