Уште една ранг листа - кои земји се најдобри за живот за пензионерите?
Додека многумина сонуваат да ги поминат своите пензионерски денови покрај море или во тивок европски град, изборот на идеална земја не зависи само од климата. Висината на пензијата, квалитетот на здравствената заштита, трошоците за живот и безбедноста честопати имаат многу поголемо влијание врз квалитетот на животот во третата доба.
Токму затоа меѓународните студии што ги рангираат земјите според условите што им ги нудат на пензионерите привлекуваат сè поголемо внимание.
Како што објавува бугарскиот портал „Марица“, Европа продолжува да доминира на листите благодарение на развиените здравствени системи, стабилните пензии и високиот квалитет на живот.Глобалниот индекс за пензионирање 2025, кој ја оценува финансиската сигурност, здравствената заштита, квалитетот на живот и материјалните стандарди, вели дека Норвешка е на врвот на европската листа, пред Ирска, Швајцарија, Исланд, Данска, Холандија, Германија, Луксембург и Словенија.
Од друга страна, кога се разгледуваат дестинациите кон кои најчесто се селат странските пензионери, медитеранските земји имаат предност. Грција, Португалија, Шпанија и Италија ги привлекуваат пензионерите поради поблагата клима, побавниот начин на живот и поповолните трошоци во споредба со северна Европа.
