Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА РАМПА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Кој уште ги забрани?

УШТЕ ЕДНА РАМПА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Кој уште ги забрани?

Гугл најави дека од јуни ќе забрани објавување содржини кои се во врска со криптовалутите.

Од компанијата велат дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа.

Ваков потег ќе направи и Фејсбук, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини и други криптовалути, за да се стопира рекламирање и промовирање на нешто што често се поврзува со измама.

„Компанијата Гугл ја ажурира политиката за рекламирање поврзани со финансиски услуги, со цел да забрани какво било огласување на содржини поврзани со криптовалути“-  изјави директорот за информирање, Скот Спенсер.

Тоа значи дека дури ни компаниите со легитимни понуди за криптовалути нема да можат да ги огласуваат своите производи преку Гугл.

Од компанијата велат дека се внимателни затоа што виделе дека има штети од ваквиот начин на работење. 

Владите и централните банки ширум светот мора да соработуваат при изработка на регулативи за криптовалутите, со цел да се спречи тие да станат ново средство за перење пари, изјави и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Слично

Поврзани вести