Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една поранешна фабрика на Владата оди на прoдажба кај стрaнски купувач

Уште една поранешна фабрика на Владата оди на прoдажба кај стрaнски купувач

11 Октомври Еурокомпозит, фабриката чиј акциоонер-сопственик беше Владата а сега е во стечај, е пред преземање од странски инвеститор за кого нема многу информации што може да се потврдат.

Основниот суд Прилеп на 5 декември донел решение со кое му е одобрен планот на заинтересираниот купувач за реорганизација на фабриката која може да произведува воена и полициска опрема, а има и цивилна линија.

Планот е изготвен од „доверителот инвеститорот“ Футура Мода Д&А ДООЕЛ-Скопје како фирма посредник за која нема никакви јавни информации, како и FHR Armorl Logistics, непозната компанија за која е наведено само тоа дека е од Полска.

Изминатата пролет фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, уште еден загубар кој претходно беше во сопственост на Владата,  од април годинава официјално доби нов сопственик - „Трени Балцани Оццидентали“ на бизнисменот Ѓорге Трајанов од Василево, зад кого стои италијанска компанија за шински возила. Претходно беше прифатен планот за реорганизација поднесен до велешкиот суд за реорганизација и подмирување на доверителите, поднесен на 15 јануари годинава.

Инаку последните податци за Еурокомпозит од Прилеп се од 2018 пред да биде блокирана сметката. Истата година е завршена со загуба од околу 750.000 евра и 204 вработени. Едно време работниците имаа задоцнување од 16 плати. Владата како добротвор дотогаш знаеше да исплати по некоја месечна застаната пллата со ветување дека ќе се најде и стратешки инвеститор.


Последните информации се дека компанијата за производство на наменска опрема има долг од неколку милиони евра, а актуелен стечаен управник е Љубица Зајкоска, која не одговори на нашите повици за изјава.

Еурокомпозит беше трансформирана во акционерско друштво со капитал 100 отсто во сопственост на државата во 90-те години кога имаше 550 вработени. Програмата на Еурокомпозит е поделена на две главни гранки: воена и полициска опрема и цивилна линија. Имаше широка палета производи – од балистички шлемови, елеци и плочи до рачни ракетни лансери; како и електро изолациони материјали. 

А.К.


Слично

Поврзани вести