Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една партија става потпис на Платформата за демократска Македонија

Уште една партија става потпис на Платформата за демократска Македонија

Денеска уште една партија ќе стане дел од Платформата за демократска Македонија која пред два дена ја потпишаа опозициската СДСМ и коалициониете партии.

Партијата за европска иднина (ПЕИ) е партијата која денеска ќе и се приклучи на оваа Платформа.

„Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски!“, „Медиумите мора да бидат слободни и објективни!“, „Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна!“, „Институциите мора да бидат независни!“ се демократските начела и принципи кои се најдоа во Платформата на Опозицијата и нејзините партнери.

Целта како што велат потпишувачите на таа Платформа е земјата да се врати на прав пат со слобода и демократија.

СДСМ, Нова Социјалдемократска партија, Либерално демократската партија, Обединети за Македонија, Партија за движење на Турците, Партија за целосна еманципација на Ромите, Демократски сојуз на Власите во Македонија, Санџачка лига, Српска странка во Македонија, Движење за национално единство на Турците во Македонија, Нова Алтернатива, ПЕП21, Партија на обединети пензионери и граѓани, Граѓанско либерална партија се партиите кои во саботата ја основаа Платформата за демократска Македонија.

Слично

Поврзани вести