Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една оставка во владата на Ципрас

Уште една оставка во владата на Ципрас

Нова оставка во владата на Грција беше дадена денес (15-ти јули). Оставката ја поднесе заменик-министерот за финансии, Надја Валаам, пренесоа агенциите.

Во писмо до премиерот Алексис Ципрас таа го критикувала договорот со кредиторите.

„Алексис, во време на предизвици сум подготвена да служам на секој пост. Но, во случајот во кој нашата делегација се врати со обврски, предвидуваат мртвородените мерки и при секоја проценка (од кредиторите) повторно ќе остане дилемата за повлекување или „Grexit“ за мене е невозможно да се остане во владата“, се вели во писмото на Надја.

Во меѓувреме, поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис повторно го нападнал германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Шојбле ја диригира Еврогрупата, тврди Варуфакис.

Варуфакис неколкупати имал спор на висок тон со колегите, опишувајќи ги како „уцена“ барањата на еврозоната за намалување на трошоците и барајќи реструктуирање на грчкиот долг.

Слично

Поврзани вести