Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една инвестиција си заминува, над 1000 рудари од „Тораница“ и „Добрево“ остануваат на улица?

Уште една инвестиција си заминува, над 1000 рудари од „Тораница“ и „Добрево“ остануваат на улица?

Егзистенцијата на илијадници семејства е ставена во прашање.

Од опозициската СДСМ преку соопштение до јавноста велат дека индиската фирма Индо минерали и метали којашто раководи со рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Добрево“ се повлекува од Македонија поради неплатени сметки, презадолженост со кредити и неисплатени сметки.

Ова би значело дека на улица ќе останат над 1000 рудари кои работат во тие рудници.

„Рударите се револтирани и со право реагираат. Извршители само што не им затропале на врата поради натрупаните неплатени сметки и долгови. Неколкумесечната борба и штрајк на рударите за спас на рудниците, за жал не вродија со плод. Никола Груевски немаше слух за нивните маки и проблеми со коишто се соочуваат. Никола Груевски напразно ветува виртуелни проекти и виртуелни инвестиции додека странските инвеститори секојдневно ја напуштаат земјава“, обвинуваат од партијата на Заев.

Од СДСМ се навратија на најавите за заминување на Џонсон Контролс од земјава и велат дека поради грешните политики на Груевски бизнис климата во Македонија е  UNDOING бизнис.

Тие го повикаа премиерот да  излезе пред граѓаните и пред рударите и да одговори зошто овој странски инвеститор си заминува од Македонија?

Слично

Поврзани вести