Уште една група од Авганистан пристигна во Тирана, ќе бидат сместени во Студентски дом
Во раните утрински часови денеска, 37 авганистански државјани пристигнаа на аеродромот во Ринас во областа на Тирана. Така, бројот на авганистански државјани кои дојдоа во соседната земја за една недела се искачи на 644.
Веста ја соопшти Министерството за надворешни работи, каде што, меѓу другото, се вели дека ќе бидат сместени во Студентскиот град, а потоа ќе бидат префрлени во хотелите на крајбрежјето.
„Во раните часови наутро денеска, 37 авганистански државјани пристигнаа на аеродромот во Ринас, со што вкупниот број достигна 644 за повеќе од една недела во Тирана. Тие беа сместени во Студентскиот град, а потоа ќе бидат префрлени наредните денови во хотелските капацитети на брегот“, соопшти Министерството за надворешни работи.
