УШТЕ ЕДНА ГОДИНА: Вработените во Гугл ќе работат од дома
Вработените во Гугл ќе практикуваат работа од дома до јули 2021 година.
Информацијата ја објави „Волтрит џурнал“. Извршниот директор, Сундар Пичаи оваа одлука ја донел по состанокот на директорите на компанијата.
„Волстрит џурнал“ наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците што мора да се грижат за децата затоа што е неизвесно дали училиштата ќе бидат отворени.
„Гугл“ претходно планирал работниците да останат дома до крајот на 2020 година.
Новата одлука важи за скоро сите 200.000 вработени и оние со полно работно време и за оние кои се хонорарно ангажирани.
Работата од дома која стана честа појава поради пандемијата, им се допадна и на Германците.
Тие и по завршувањето на пандемијата сакаат да работат од дома.
