Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една фабрика од СФРЈ „ги гаси светлата“: Тажен крај за индустрискиот гигант

Уште една фабрика од СФРЈ „ги гаси светлата“: Тажен крај за индустрискиот гигант

Некогашното најголемо претпријатие во поранешна СФРЈ – Железара Зеница, го запира производството на челик, по одлуката на раководството за гасење на клучните погони.

Од компанијата соопштија дека започнува планско исклучување на високата печка, по што ќе следи и гасење на челичарницата, со што ќе биде ставен крај на интегралното производство.

Како главна причина се наведува неконкурентноста на пазарот и финансиските загуби.

– „Компанијата повеќе не може да си дозволи дополнителни загуби, па продолжувањето на производството стана неодржливо“ – се наведува во соопштението.

Последиците нема да ги почувствуваат само вработените, туку и железничкиот сектор и бројни добавувачи во Босна и Херцеговина.

Иако фабриката нема целосно да се затвори, од управата најавуваат нов модел на работа и пренамена на производството. Сепак, отпуштања се неизбежни – околу 1.900 работници ќе останат без работа.

Железара Зеница е основана во 1892 година за време на Австро-Унгарија и била двигател на индустрискиот развој на градот. Пред Втората светска војна имала над 4.000 работници, а во времето на СФРЈ важеше за еден од најголемите индустриски системи во Европа.

Телеграф.рс

Слично

Поврзани вести