Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА OДЛУЧУВА: Ќе работат само четири дена во неделата

УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА OДЛУЧУВА: Ќе работат само четири дена во неделата

По примерот на други европски земји и Шпанија размислува за 4 дневна работна недела. 

Властите ќе го преземат овој чекор за да не се зголеми невработеноста. 

Пабло Иглесијас, лидер на левичарската партија „Унидас Помедос“, изјави дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови со цел да се поттикне вработувањето.  Многу компании во текот на пандемијата ги испратија работниците на принудни одмори, а некои  отпуштиле голем дел. Допрва ќе се води дијалог на оваа тема. 

Инаку, секое седмо лице кое работи во Данска би сакало да работи помалку часови неделно.

Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.

Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.

Слично

Поврзани вести