Уште една дојава за бомбата на летот на „Ер Србија“ за Москва
На летот Белград-Москва повторно била пријавена бомба во авионот, дознава РТС.
Полициски екипи се на терен поради дојавата за бомба во авионот на „Ер Србија“ на летот Белград-Москва, потврдија за РТС од српското министерство за внатрешни работи.
Ова е трет пат во последните неколку дена да се пријавува бомба на линијата кон главниот град на Русија.
Претходните два пати се покажа дека е лажна пријава.
Вчера на летот Белград - Москва повторно пристигнала дојавата за бомба во авионот, поради што авионот со патниците се врати на белградскиот аеродром.
Сите патници и членови на екипажот на летот на „Ер Србија“ за Москва беа евакуирани, а имаше и проверка на контрадиверзија.
Во авионот на „Ер Србија“ имало 125 патници и пет членови на екипажот, а извештајот за бомбата е испратен по електронска пошта.
