Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДНА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Загинаа најмалку двајца луѓе

УШТЕ ЕДНА БАЛКАНСКА ЗЕМЈА СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Загинаа најмалку двајца луѓе

Во поплавите кои го зафатија североистокот на Романија загинаа  најмалку двајца луѓе. 

Инспекторатот за итни ситуации на округот Сучава, информираше дека 69 годишна жена денеска паднала во река додека поминувала преку мост кој се срушил. Потоа жената ја однела надојдената вода.

Нејзиното тело е пронајдено 10 километри низводно, пренесе „АП“.

Втората жртва е пастир кој се обидел да ја спаси кравата од поплавената река во североисточното село Марџинени во близина на градот Пјатра Нјамц.

Романските власти испратиле 5.100 припадници на спасувачките екипи да им помогнат на луѓето кои се погодени од поплавите.

Вчера поплави имаше во Бугарија. Во повеќе земји има поплави и пожари. 

Северната хемисфера од Алжир до Арктикот, па од Канада до Јапонија ова лето е зафатена со силен топлотен бран поради кој во изминатиот викенд само во Шведска се појавија 50 пожари, а ширум светот однесе стотина животи.

Слично

Поврзани вести