Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште една балканска земја ги проверува мостовите

Уште една балканска земја ги проверува мостовите

Албанските власти почнуваат со контрола на издржливоста на мостовите во земјата.

Директорот на сообраќајната полиција, Митхат Тола, изјави дека почнале испекциите на системот на хоризонтална и вертикална сигнализација околу дозволената тежина на возилата кои минуваат по мостовите, како и состојбата на безбедносните елементи.

„Почнавме со оваа активност и таа ќе трае и следните недели, се додека не се провери безбедноста на секој мост. Истата ја реалзира Службата на сообраќајната полиција во соработка со Агенцијата за државни патишта“ – изјави Тола.

Вели дека сообраќајната полиција строго ќе го контролира секое возило дали ја почитува пропишаната тежина која е дозволена да може да помине по одреден мост.

Постојат и мостови изградени во 90 години од минатиот век, но од фирми кои имаат искуство само со изградба на згради и истите се опасност со години.

Таков пример е уривањето на мостот во Фуш-Круја, во 2017 година, кога по обилните дождови, надојдената река го „однесе“ бетонскиот мост, изграден пред три години.

Откако во Џенова, Италија се урна мост и загинаа над 40 луѓе, и во Србија се загрижија за безбедноста на мостовите. 

Слично

Поврзани вести