Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ ЕДЕН ЗАРAЗЕН: Осум случаи на корона во Хрватска

УШТЕ ЕДЕН ЗАРAЗЕН: Осум случаи на корона во Хрватска

Oсум заразени луѓе со коронавирус има во Хрватска. Уште еден заразен човек е потврден на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб. 

Се работи за човек кој бил во контакт со заразените од градот Риека.

Првиот заразен со коронавирус во Хрватска е човек во педесеттите години од Риека, кој работел во Италија. Но, се заразиле и неговата сопруга и брат ѝ. Заболено е уште едно лице, кое имало блиски контакти со нив.

Во Риека се заболени пет, а во Загреб три лица.

Бројот на заразени со коронавирус се зголемува во Италија. 

Вирусот се прошири во повеќе од 60 земји, а повеќе од 3.000 луѓе починаа од овој опасен вирус. 

Слично

Поврзани вести