Уште еден Универзитет не прифаќа државен испит!
Уште еден во низата Универзитети кои денеска дадоа поддршка на студентите и кажаа категорично „НЕ ЗА ДРЖАВНИОТ ИСПИТ“ е и Тетовскиот .
Според професорите на ДУТ измените на законот не само што ја загрозуваат автономијата на универзитетите, туку го намалува и кредибилитетот на професорите. Оваа реакција уследи само неколку денови откако истиот овој универзитет претходно ги поддржа законските измени.
„Психологијата на законот, историската страна, запоставувањето, невнимателноста и крадењето на историјата, бидејќи тука никаде не е расправано за историјата на Тетовксиот универзитет. Исто така волјата на граѓаните, дискриминација, ограничување и завршување на кршењето на правата на Албанците, затоа ние и многу други, не само на овој закон, туку и на многу други закони господине министер, им велиме – стоп“, рече Башким Селмани, професор, пренесува Алсат-М.
На вчерашната трибина на која учествувале професори, декани студенти од Правниот и од Филозофскиот факултет на Тетовскиот универзитет кои категорично му кажале „НЕ“ на министерот за предлозите кои ги нуди Владата.
Слично
