Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден тур-оператор на македонско тло – „Томас Кук“

Уште еден тур-оператор на македонско тло – „Томас Кук“

Бегискиот тур-оператор  „Томас Кук“ од следната година ќе стартува со работа и понуда на  летови на релација Белгија - Охрид.

Оваа компанија на пазарот на туристички услуги постои од далечната 1841 година. Опслужува над 22 милиони клиенти а нејзините приходи од туристички аранжмани надминува 9 милијарди фунти.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денес истакна дека македонската влада одржува комуникација со оваабгрупација веќе подолг период при што им бил претставен туристичкиот потенцијал на Македнија и условите на Владата за субвенционирање на туризмот.

Според Пешевски со овој договор започнувајќи од јули 2016 година, за почеток ќе има по минимум еден чартер лет, а неговото потпишување ќе влијае врз подобрување на  странскиот организиран туристички промет во државата, ќе се раздвижи на прво место локалната економија, но и економијата на државно ниво.

За 11,6% е зголемен бројот на туристи во првата половина годинава во однос на лани.

Слично

Поврзани вести