Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден тинејџер прободен со нож на улица во Скопје

Уште еден тинејџер прободен со нож на улица во Скопје

Во вчерашната улична тепачка, ранет е 15-годишник од Скопје кој беше прободен со нож во градниот кош. Инцидентот се случил на улицата „Скупи”, каде во расправијата, постар малолетник од Прилеп физички го нападнал момчето и му нанел расекотини на градниот кош.

Тинејџерот бил веднаш пренесен во градската болноца „8-ми Септември” каде му е укажана лекарска помош, а на прилепчанецот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Ова е втор ваков инцидент во Скопје во два дена. Во понеделникот во улично насилство загина деветнаесетгодишен скопјанец, кој со нож беше прободен во срцето.

Слично

Поврзани вести