Уште еден список со грчки имиња со банкарски сметки на островот Џерси
Објавен уште еден список со имиња на 97 Грци и 134 кипарски Грци кои поседуваат офф-шор сметки во филијала на британската банка ХСБЦ на островот Џерси, наведува весникот „Етнос“. Станува збор за нов список, сличен на познатиот „список Лагард“, кој предизвика политичко цунами во Грција. „Списокот Лагард“ содржи имиња на лица со големи сметки во филијала на истата банка, но во Женева, осомничени за корупција и даночни злосторства. Новиот список со Грци е обезбеден од банкарски службеник и во него се појавуваат над 4.500 меѓународни клиенти на банката, повеќето од кои се Британци.
Овој список го откри британскиот весник „Дејли телеграф“, кој тврди дека меѓу клиентите на ХСБЦ банката има и такви со големи влогови, како што се нарко босови и лица на кои може да им се суди за кривичен и финансиски криминал.
Банката ХСБЦ ќе се соочи со парична казна од 1,5 милиони долари за перење на пари. Странските клиенти на банката ќе бидат проверени од британските даночни служби и принудени да ги платат даноците на државите од своите банкарски сметки на островот Џерси, наведува весникот „Етнос“
Слично
