Уште еден сончев ден, па не чека дожд и заладување
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во северните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени.
Од вторник се очекува значителна промена на времето и дестабилизација. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови, во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата. Температурата на воздухот значително ќе опадне.
Слично
