УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Дрога најдена во море
Во Црна Гора вчера полицијата кај влевањето на реката Бојана во морето запленила 1.332 килограми на марихуана.
Пакетите се пронајдени на околу 11 наутички миљи југозападно од теснецот на реката Бојана.
Тоа се 62 пакети со содржина на билки со темнозелена боја за кои се сомневаат дека се опојна дрога-марихуана со вкупна тежина од 1.332,3 килограми.
Ова не е прв ваков случај на Балканот. Кај Хвар и Вис во Хрватска во мај годинава беше откриена дрога која од Црна Гора требало да биде превезена во Италија, но попат испаднала.
Слично
