УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ: Еди Рама си го однесе и братот во Белград?
Во пошироката делегација што го придружува албанскиот премиер Еди Рама при посетата на Србија е и неговиот брат Олси Рама, кого српските власти го сметаат за главен одговорен за инцидентите на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, јавуваат српските медиуми.
Во Белград ова се коментира како „скандалозен потег“, со оглед на тоа во делегацијата на албанскиот премиер имало „лица за кои постои сомневање дека биле поврзани со лансирањето на дронот со кој беа испровоцирани немирите“.
„Ни се случи еден нов дрон, човечки дрон, дипломатски дрон. Ова испраќа порака не само за Србија, туку и за сите останати - дека во нашето соседство седат политичари со кои е многу тешко да се соработува“, вели директорот на српската Канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ.
„Темите беа економски и се чинеше дека дронот ќе го оставиме зад себе, а тогаш ни се случи човечки дрон во ликот на Еди Рама, кој повлече еден многу подмолен потег“, додава тој.
Инаку Рама денеска од Белград замина за Прешево на средба со албанското население таму. Во Прешево веќе го очекуваат билборди со порака „Добредојде премиеру!“.
Слично
