Уште еден силен но, за среќа краток земјотрес
Нов силен потрес го погоди Скопје и според првичните мерења станува збор за магнитуда од 4.8 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. Епицентарот е на 4 километри јужно од населбата Радишани, а се случи на неколку минути пред 20 часот.
Исто како и вчера, така и денес имаме повеќе потреси во текот на денот, со еден посилен земјотрес навечер кој е на поголема длабочина, па токму и затоа големата јачина не доведува до поголеми последици. Новиот потрес уште еднаш ги извади скопјани од своите домови и дуќани, а се коментира дека ниту вечер нема да се спие мирно.
Вечерниот земјотрес посилно беше почуствуван на северниот дел од градот, но за среќа траеше кратко со мали занишувања. Второто мерење покажа дека земјотресот бил со јачина од 4 степени, па чекаме потврда од македонската сеизмолошка опсерваторија за попрецизни детали.
Слично
