Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден пратеник од ИТН му се придружи на Кирил Петков во обезбедувањето мнозинство за францускиот предлог

Уште еден пратеник од ИТН му се придружи на Кирил Петков во обезбедувањето мнозинство за францускиот предлог

Пратеникот Кирил Симеонов е шестиот пратеник кој се одметна од „Има таков народ“ на Слави Трифонов и останува на страната на премиеорт Кирил Петков, кому и натаму го собира парламентарното мнозинство по коалицискиот распад.

Симеонов на парламентарната говорница јасно стави до знаење дека ја напушта групата „Има таков народ“. Тој е шестиот пратеник кој го напушти Слави Трифонов. Неговиот говор предизвика гласен аплауз од пратениците во пленарната сала, а оние од „Промена“ и „Демократска Бугарија“ дури станаа на нозе.

- Луѓето кои ме познаваат во Варна знаат дека со години отворено се спротивставувам на владата на ГЕРБ, јас сум креатор на платформата „Спасете ја Варна“, која нема никаква врска со „Спасете ја Софија“. Јас не сум ГЕРБ, не сум ДПС и кога ќе се вратам вечерва дома можам да си ги гледам во очи семејството и децата, најави Симеонов.

Тој најави дека ова е многу емотивен момент за него и се уште ја нема поднесено својата апликација, но тоа ќе го направи во првиот погоден момент.

Предлогот на француското претседателство за укинување на ветото на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија во наредниот период ќе се разгледува во бугарскиот парламент, причината поради која Трифонов ја напушти коалицијата.

Моментот во бугарскиот парламент е хаотичен, по изгласувањето на оставката на претседателот собранието, Никола Минчев. „Има таков народ“ заедно со бугарската опозиција го изгласа неговото разрешување.

Слично

Поврзани вести