Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден пожар на Илинденска: Гореа бараки кај „Имес“

Уште еден пожар на Илинденска: Гореа бараки кај „Имес“
Пожар целосно уништи барака на булеварот „Илинденска“ во Скопје, во близина на ресторанот „Имес“ синоќа. Пожарот започнал во столарска работилница, а пожарникарите морале да интервенираат со осум возила за да спречат огнот да се прошири на другите соседни објекти. Противпожарните екипи пристигнале во моментот кога пламените јазици ја зафатиле покривната контрукција на објектот. Причините за пожарот и предизвиканата материјална штета се утврдуваат. На истиот булевар пожарникарите вчера имаа полни раце работа. Утрото се запали фасадата на владината зграда, која исто така се наоѓа на „Илинденска“. Пожарот настанал додека се изведувале градежни работи на изолација.
Слично

Поврзани вести