Уште еден пешак загина во сообраќајка во Скопје
Седумдесет и шест годишен маж денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа во Скопје.
Гостиварец со возило „Фиат Дукато”, го прегазил Благоја Н. на раскрсницата од улицата „Ѓорче Петров” и улицата „Мајски Манифест”.
Пешакот починал на самото место, а полицијата работи на расветлување на случајот.
И покрај заострените закони за сообраќај, бројот на сообраќајни несреќи рапидно расте. Оваа година е зголемен бројот на лица кои го загубија животот во сообраќајки за разлика од лани.
За првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15.
Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак од вкупно 27 загинати во Скопје, дури 15 се пешаци.
Слично
