Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден пешак прегазен на скопските улици

Уште еден пешак прегазен на скопските улици

И покрај заострувањата на правилата и казните во сообраќајот, бројот на сообраќајни несреќи не се намалува.

Во последната несреќа што се случи синоќа во населбата Чаир во Скопје, беше тешко повредена постара жена, која веднаш беше префрлена на скопските клиники. Жената ја прегазил триесет и осум годишниот возач со Опел Астра.

Брзото возење по патиштата и непочитувањето на сообраќајните правила ја зголемуваат црната статистика на несреќи.

Во првите шест месеци годинава на македонските патишта загинале 59 луѓе. Само во јули месец 6 пешаци го загубија животот.

Минатата година пак, во сообраќајни несреќи загинале 124 лица, од кои 35 биле пешаци. А најкритични места се скопските и битолските улици.

Слично

Поврзани вести