Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден облачен ден со услови за дожд и грмежи

Уште еден облачен ден со услови за дожд и грмежи
Времето денеска во Македонија нема драстично да се подобри од изминатите денови и понатаму ќе домина облачноста, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Утринската температура околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Слично

Поврзани вести