Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден обид за комплетирање на ад хок телото за медиуми

Уште еден обид за комплетирање на ад хок телото за медиуми

Ад хок телото за следење на медиумите денеска напладне ќе продолжи со разговорите за да се избере петти и последен член.

Од двајцата кандидати кои беа во игра за петти член во ад хок телото,  Даут Даути, вчера официјално се повлече од трката и со допис ја информираше јавноста за ваквиот чекор. Со писмо ги извести веќе избраните четворица членови дека не сака да биде пречка за одржување на изборите. Тој смета дека е нереално да се очекува одлуката за петтиот член да се донесе со консензус. Заедно со него во потесниот избор беше и Сефер Тахири.

Рокот за избор на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец, истече минатата недела. Четирите членови се надеваат дека сепак петтиот член ќе биде избран пред да почне лидерската средба.

На лидерската средба денеска ќе се утврди дали се исполнети условите за одржување на избори на 11 декември.

Слично

Поврзани вести