Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден грчки министер го отфрли предлогот „Илинденска“

Уште еден грчки министер го отфрли предлогот „Илинденска“

Грчкиот министер за миграции Димитриос Вицас синоќа во интервју за телевизијата Скај го отфрли предлогот Република Илинденска Македонија, оценувајќи дека тој „не е толку на масата“ за преговори

Решение е можно само со географска или временска одредница, порача министерот Вицас кој е висок функционер на владејачката левичарска Сириза во Грција.
„Во суштина ова име (Илинденска, н.з.) не е толку на масата, работата е да се најде решение“, рече Вицас во интервјуто за Скај. Тој вели дека единствено добро во името „Република Илинденска Македонија“ е што луѓето во Грција почнале да учат историја.

Како позитивен во целиот преговарачки процес, Вицас го оценува и фактот дека Македонија го прифатила принципот „ерга омнес“, односно име за севкупна употреба.

Тој вели дека ставот на грчката влада е оти конечното решение за името на соседната држава треба да содржи географска или временска одредница.


Слично

Поврзани вести