Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште еден договор потпишан помеѓу Бугарија и Македонија

Уште еден договор потпишан помеѓу Бугарија и Македонија

Бугарија и Македонија го потпишаа договорот за заеднички енергетски пазар. Документот беше потпишан денеска во Софија помеѓу Министерството за енергетика на Бугарија и Министерството за економија на Македонија.

Меморандумот предвидува еднаква правна и регулаторна основа за обединување на пазарот на електрична енергија помеѓу двете држави при недискриминаторски и праведни услови.

Договорот произлегува од општите одредби за поврзаност во енергетскиот сектор, создавање на работни места и развивање на конкурентен и интегриран енергетски пазар во регионот.



Слично

Поврзани вести